(Видео) Хаос во Киев! Зеленски имал сообраќајка, возачот пренесен во болница – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/22 8:21 AM

(Видео) Хаос во Киев! Зеленски имал сообраќајка, возачот пренесен во болница

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше сообраќајна несреќа во Киев, информираше неговиот портпарол Сергиј Никифоров рано изутринава, јави ДПА.

Како што појасни Никифоров, возило се судрило со автомобилот на Зеленски, но и со други автомобили од неговата колона со возила.

Тој додаде дека Зеленски бил прегледан од лекар и дека немал повреди при несреќата.


Медицински лица го пренеле возачот на другото возило во болница.

Полицијата го истражува инцидентот.

Зеленски вчера го посети повторно ослободениот град Изум во источниот дел на Украина.

МИА

Фото: Фејсбук