„Не се разведуваме, ќе славиме годишнина од брак“ – Евгенија ги демантира озборувањата дека се разделени со сопругот Вело Марковски – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/22 11:00 AM

„Не се разведуваме, ќе славиме годишнина од брак“ – Евгенија ги демантира озборувањата дека се разделени со сопругот Вело Марковски

„И кога летав највисоко…ме остави. Без збор, без причина, без кавга. Болеше  многу… Самотија… Самобвинувања. Што згрешив, кога, како, за кого…“

Овие стихови напишани од д-р Вело Марковски во неговата песна „Никогаш-засекогаш“ беа доволен повод да почнат муабети дека се разведува од неговата децениски помлада сопруга Евгенија.

Муабетите за причината, во нивната ситуација, секако беа поткрепени со „си нашла помлад“, иако кога станува збор за љубовта годините не се важни.

А бидејќи муабетите беа „сигурни“ ММС се јави кај сопружниците, за од прва рака дознае што навистина се случува.

Поразговараме со Евгенија, која ни рече дека и неа ја прашале дали се разведуваат иако муабети за нивен развод се вртат уште кога се земале.

-Нема ништо такво, ние во петок ќе славиме годишнина од брак. Бевме на одмор и само што се вративме. Не сме се ни скарале. Не знам каде ќе славиме, тоа треба да биде изненадување, вели таа за ММС.

Евгенија е посветена на децата и, како што ни рече, се занимава со учење.

-На трет циклус студии сум и кога спијат Кате и Павле јас крадам време за учење. Инаку сум по цел ден со нив, вели таа, а за мајчинството додава:

-Не е лесно да си мајка ама се што се прави со љубов нема никаква тешкотија. Мајчинството е најубаво нешто за секоја жена, ни рече Евгенија.

Вели дека муабетите и озборувањата за нив двајца не и пречи, бидејќи постојано се зборува и веќе се навикнале.

-Ме прашаа и мене дали е точно. Нека прашуваат,  навистина не ми пречи што озборуваат. Нека си озборуваат. Се тргна откако Вело објави песна, која не беше посветена на мене. Тоа е песна напишана  одамна, ама дури сега е промовирана. И после тоа почна да се зборува за наш развод.  Ние си знаеме дека се сакаме, а народот нека зборува. Воопшто не не познаваат, а коментираат, вели Евгенија за ММС.

Марковски освен што пишува поезија прд неколку месеци ја сними песната за „Стојан војвода“ отпеана на македонски јазик уште во 1900 година.

Вело и Евгенија се скоро една деценија заедно. Во интервју за ММС пред неколку месеци Марковски рече дека по осум години заедно, по три години врска и пет години брак иако озборувањата не престанале, тие уживаат во љубовта заедно со нивните две дечиња.

Прочитајте го подолу интервјуто со Марковски:

(В.М.)

Убаво ни е со Евгенија, нека озборуваат – Со професорот Вело Марковски за љубовта, бракот и предрасудите