Дознајте како ретрогадниот Меркур од 9-ти септември до 2-ри октомври ќе влијае на љубовта и односите.
За време на ретрогадниот Меркур може да ги очекуваме вообичаените предизвици и недоразбирања. Пораките погрешно ќе ги толкувате, ќе доцните поради метежот и ќе заборавате важни информации. И сето тоа многу поинтензивно. Иако не можеме да го избегнеме ретрогадниот Меркур, може да научиме да се носиме со него. Подгответе се за можните непредвидливости со план Б.
Овен
Во врската би требало да се вложиме подеднакво, зар не? За време на ретроградниот Меркур, можеби ќе имате чувство дека вложувате премногу труд или дека партнерот не сака да одвои доволно време за вас. Дали партнерот навистина ве игнорира или е само премногу зафатен? Дајте сѐ од себе за да не избрзувате со заклучоци. Во меѓувреме, поранешниот би можел да ви се јави или да ви остави гласовна порака. Воздржете се од импулсивни нагони и почекајте сѐ да се врати под контрола по втори октомври.
Бик
Во текот на овој ретрограден Меркур, малите работи ќе ви будат силни емоции. Но дали треба да раскинете бидејќи не можете да го поднесете тоа што партнерот не си ја мие чинијата по јадењето? Веројатно не, Бикови. Ако сте на работ на нервен слом, тоа нека ви биде знак дека е време да научите да го контролирате својот стрес. Отидете на тренинг, на трчање, или одлучете се за каква било друга активност за која сметате дека ќе ви помогне да ја исфрлите негативната енергија.
Близнаци
На Близнаците никогаш не им е тешко драмата да ја „измешаат“ со возбуда, но бидете внимателни и немојте да претерувате. Страстите во романтичните врски особено ќе се разбрануваат за време на ретроградниот Меркур, особено поради вашиот темперамент. Еден погрешен потег може да ве доведе до карпа, затоа секогаш застанете пред да кажете нешто за што ќе зажалите.
Рак
„Рециклирањето“ на поранешните партнери за време на ретроградниот Меркур е запишано во вашите ѕвезди. Ако копнеете по пораншниот партнер, оттргнете се и оставете го да помине. Големи се шансите дека всушност посакувате удобност, затоа закажете состанок или посетете близок пријател. Раковите кои живеат со партнерот, ја почитуваат политиката за приватност и се свесни за потребите на другите луѓе да бидат сами во одредено време.
Лав
Со овој ретрограден Меркур кој почнува во вашата комуникациска зона, особено би можеле да бидете подложни на погрешно толкување на пораките, а тоа ќе ве доведе до конфузија. Ако имате некаква дилема, најдобро е да поставите директно прашање. Своите пораки во кои манифестирате бес зачувајте ги во „нацрти“ и обидете се со партнерот да поразговарате лице во лице. Тонот на гласот и говорот на телото би можеле да бидат клучни за да не бидете сфатени погрешно.
Девица
Кој и да рекол „не грижете се за малите работи“ очигледно никогаш не сретнал некој чиј хороскопски знак е Девица. Сепак, со ретроградниот Меркур ќе мора да се прилагодите на секојдневните работи како што е планирањето на важни датуми, управување со заеднички сметки и координација на распоредот. Сепак, останете флексибилни. Смислата за хумор ќе ви го спаси денот.
Вага
Постигнавте мал чекор кога е во прашање позитивното размислување, но со овој ретрограден Меркур кој почнува во вашиот знак, можно е вашата енергија да спласне. Внимавајте и немојте да одите до екстремни граници кога ги ставате работите на „вага“. Обрнете внимание на другата страна, бидете проактивни и направете нов план за новата врска бидејќи тоа може да биде романтично искуство кое ќе ве зближи повеќе со партнерот.
Скорпија
Сите имаат багаж од минатото, а дали вие ја играте играта „ќе ти го покажам својот багаж, ако ми го покажеш и ти твојот“? Претурањето по психата на луѓето би можело да биде фатално за вас во текот на овој ретрограден Меркур, особено ако не сте искрени кон себе. Пронајдете други начини за да изградите доверба, а не да се однесувате како приватен детектив. Поминувајте повеќе време во заеднички активности и ќе стекнете поширока слика за тоа како вашиот партнер се однесува во различни сценарија.
Стрелец
Време е да бидете „офлајн“. Со ретроградниот Меркур, најдобро ќе биде да одморите од апликациите и социјалните мрежи, односно да ги одберете средбите во живо наместо оние кои се онлајн. Доколку вашиот партнер сакате да се дружите со други луѓе, можно е да ви се јави непријатно чувство дека сте запоставени. Дури би можеле да ви се јават и чувства кон некого од блискиот круг пријатели, но ако не гледате долгорочен потенцијал во тоа, не се впуштајте во таков однос.
Јарец
Дали одржувате некои врски кои не се во согласност во вашите вредности? Ќе сакате да прекинете сѐ што не ви одговара, но и да разговарате за потиснатите работи. Овој ретрограден Меркур ќе ве натера со партнерот да ги дефинирате целите за да видите дали одите во ист правец. Размислете за тоа да направите компромис – на крајот на денот важно е само што двајцата мислите за вашиот однос, а не и како другите гледаат на него.
Водолија
Во следниот период ќе се двоумите за сѐ и тоа нема да биде случајно. Сѐ што ви е познато, ќе ви стане монотоно. Сепак, чувајте се од нагли одлуки кои би можеле да ѝ го скршат срцето на другата страна. Најдобро е да се повлечете во својот личен простор, најдете инспирација и мотивација за да се вратите во вашата рутина.
Риби
Со ретроградниот Меркур, очекувајте дека сите ваши чувства ќе излезат на површина. Погрижете се околу себе да имате многу блиски пријатели кои ќе ве вразумат и ќе ве натераат на работите да гледате објективно. Можно е да се случи да имате и напади на љубомора.
Извор: elle.rs