Не успеал да побегне! Велешанец(22) украл „југо“, полицијата го фати и приведе – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/22 12:47 PM

Не успеал да побегне! Велешанец(22) украл „југо“, полицијата го фати и приведе

МВР информира за кражба во Велес.

-На 13.09.2022 во 15.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.П.(22) од Велес. Тој се сомничи дека помеѓу 13.45 и 14.45 часот од работилница на ул.„Илинденска“ во Велес одзел патничко возило „југо“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Б.П.(57) од Велес. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.