Шегите на Џон Оливер за кралицата забранети во Велика Британија – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/22 11:34 AM

Шегите на Џон Оливер за кралицата забранети во Велика Британија

Шегите направени минатата недела „Вечер со Џон Оливер“ за кралицата Елизабета Втора по нејзината смрт, беа исечени од прикажувањето во Велика Британија.

– Очигледно, треба да почнеме со Обединетото Кралство, коешто очигледно сè уште се опоравува од шокантната смрт на 96-годишна жена од природна смрт. Тоа е голем миг на неделата, и поради некоја причина, апсолутно сите мора да тажат, рече комичарот.

Шегите во американското сатирично шоу во неделата се исфрлени од страна на ТВ-мрежата „Скај“ во верзијата за Велика Британија, оти земјата е во национална жалост, којашто ќе трае неколку седмици по смртта на 96-годишната кралица во четвртокот. Комичарот, инаку роден во Велика Британија, се шегуваше и со назначувањето на конзервативната Лиз Трас за нова премиер на родната земја.

– Смртта на кралицата, за жал, не е единствениот трауматичен настан со кој Британија мора да се соочи оваа недела. Во вторникот, Лиз Трас – во основа „Маргарет Тачер“, само „дрогирана“ со лепило, стана нова премиерка, рече тој.

Инаку, шоуто на Оливер викендов ја освои седмата „Еми“ награда за комедија.

Потегот на отстранување на острите шеги наиде на одобрување, но од друга страна, е и оценет како цензура на говорот и слободното изразување.

МИА