Љубителите на тенисот се згрозени од снимката на која 16-годишната тенисерка Сара Бejлек ја пипкаат нејзиниот татко и тренер по квалификациите за УС Опен.
Чехинката го имаше своето деби на Грен слем на познатиот настан во Њујорк во понеделникот, минувајќи во директни сетови од Људмила Самсонова во првото коло, но тој меч беше засенет од контроверзниот момент по нејзината последна победа во квалификациите.
Бејлек ја победи Британката Хедер Вотсон, а на снимките се гледа како таа се ракува со противничката на мрежата, пред да излезе на теренот за да слави со нејзиниот татко Јарослав Бејлек, а потоа и нејзиниот тренер Јакуб Кахун.
View this post on Instagram
На видеото, тинејџерката му приоѓа на маж кој стои до судот, кој е идентификуван како нејзиниот татко.
Ја тапка по грбот и се чини дека ја бакнува во уста.
Таа потоа оди и прегрнува друг маж, идентификуван како нејзин тренер, кој исто така ја тапка по задникот. Љубителите на спортот подивеја по видеото, кое оттогаш стана вирално.
– Апсолутно нема причина 16-годишна девојка така да се допира по задникот. Тоа е повеќе од непристојно. Како што продолжив да го гледам видеото, беше се полошо и полошо – напиша еден корисник.
– Морничави тренери. Таа има 16 години – твитна друга придружена со засрамени и исплашени емотикони.
Сепак, не сите кои реагираа на социјалните мрежи и го осудија овој чин, некои истакнаа дека инцидентот изгледа непријатно само за оние со западна перспектива.
La célébration de Sara Bejlek (16 ans) après sa qualif pour le tableau principal enflamme les réseaux sociaux à travers le monde. Il s’agit de son père et de son coach. pic.twitter.com/zfhFgRGbql
— Tennis Break News (@tennisbreaknews) August 27, 2022
– Тоа е доста вообичаено во Чешка. Не е нешто што би го направил, но многу мажи едноставно не размислуваат за тоа на сексуален начин. Гуглајте ги нашите велигденски традиции, можеби ќе бидете шокирани – рекол еден корисник, пренесува Дејли Мејл.
Извор: Курир.рс
Фото: Принтскрин