Пронашла изгубена лична карта и три пати подигнала брз готовински кредит – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/22 6:10 PM

Пронашла изгубена лична карта и три пати подигнала брз готовински кредит

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и против две подружници на финансиски друштва во Тетово, Г.А.(35) од Република Бугарија, раководител на едната подружница, Р. Г.(37) од Скопје, раководител на другата подружница и вработените во двете подружници, С.И. (34) од Тетово и М.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

-Првопријавената, во јануари 2022 година во близина на Клиничкиот центар во Тетово пронашла изгубена лична карта, која наместо да ја пријави во полициска станица, без согласност на сопственичката ги искористила личните податоци и во три наврати подигнала брз готовински кредит во двете подружници на финансиските друштва. Двете правни лица и останатите четворица пријавени несовесно постапиле со пропуштање должен надзор и на тој начин и овозможиле на првопријавената да подигне брзи готовински кредити со користење личен документ од туѓо лице, информираат од МВР.