Тројца починати, 156 нови и седум града без ковид заболени – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/22 2:59 PM

Тројца починати, 156 нови и седум града без ковид заболени

Во изминатите 24 часа се регистрирани 165 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.088 тестови. Од вкупниот број на позитивни, 39 се реинфекции. Оздравени се 384 пациенти, а пријавени се три починати лица.

Како што информира Министерството за здравство, од 165 нови случаи на КОВИД-19, во Скопје се 91, Куманово и  Прилеп по 11, Кавадарци – 9, Велес – 7, Охрид и Берово – по 4, Битола, Тетово и Струмица – по 3, Гостивар, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија , Кратово и Крушево – по 2, Ресен, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 1

Од вкупно 384 оздравени пациенти, од Скопје се 127, Битола – 51, Прилеп – 30, Тетово – 24, Делчево – 18, Штип и Кичево – по 13, Кавадарци и Ресен – по 11, Радовиш и Крива Паланка – по 10, Велес, Охрид и Кочани – по 9, Крушево – 7, Куманово и Гостивар – по 5, Струга, Гевгелија, Неготино, Берово и Македонски Брод – по 3, Кратово и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница и Демир Хисар – по 1

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, регистрирани се три починати лица, по едно лице од Скопје, Битола и Гостивар, на возраст од 70 до 78 години. Сите лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од петти септември до десетти септември 2022 година.

Градови без активни ковид заболени се Дебар, Виница, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран.