Размислете дали вреди да си го губите времето со неа! Кои знаци ја издаваат љубоморната пријателка? – ММС
ММС

Објавено на: 10/1/22 10:16 PM

Размислете дали вреди да си го губите времето со неа! Кои знаци ја издаваат љубоморната пријателка?

Пријателството се гради со години, а со пријателите може да ги споделиме и најинтимните работи.

Сепак, пред да го направите тоа, не е на одмет да го проанализирате односот со нив. Секој однос бара искреност и посветеност, но затоа сме среќни кога имаме здрави пријателства и врска. Многумина мислат дека бројот на пријатели се мери според тоа колку се способни да негуваат толку квалитетни врски, меѓутоа суштината е во тоа да имате и неколку личности со кои ќе може да ги споделувате вашите тајни.

Со пријателите ги делиме и среќните и тажните моменти, но знаеме дека на нив можеме да се потпреме и да добиеме поддршка за сите тешкотии на кои наидуваме во текот на животот. За жените е особено важно да ги негуваат пријателствата, бидејќи добрата пријателка делува како терапија, особено во моментите кога е потребна утеха. Сепак, доколку пријателството го нема достигнато тоа ниво на зрелост да споделувате се со својата пријателка безрезервно, се вклучува алармот. Во таквите односи можно е една од нив да чувствува љубомора кон другата, па еве како да го препознаете тоа:

Не се радува кога ќе споделите убава вест со неа

Добивте унапредување на работа или можеби се одлучивте за заедничко живеење со својот партнер? Нормално е дека ваквите вести би сакале да ги споделите со оние кои ги сакате. Меѓу најблиските е секако и пријателката која сметате дека е една од вашите посеби луѓе и со нетрпение чекате да и ги кажете радосните вести. Меѓутоа, ако гледате дека таа бара изговори, покажува сомнеж или негодува, вашата пријателка ви љубомори.

Понекогаш се чувствувате непријатно поради неа

Ако имате искрен пријател, вашата среќа би требало да биде и негова. Многу жени често се чувствуваат непријатно поради своите достигнувања релативизирајќи го тоа поради неуспесите на нивните пријателки на тоа поле. Исто така, љубоморните пријатели секогаш вашиот успег ќе го припишат на вашата среќа, а не на вашите способности и квалитети.

Вашата пријателка е несигурна

Луѓето кои се борат со ниска самодоверба и се несигурни во сопствените вредности често чувствуваат комплекс на пониска вредност во однос на другите. Тоа го поткрепува и едно истражување од 2009 година кое наведува дека емоциите се формираат во адолесценцијата и дека тинејџерите кои се чувствувале несигурно, подоцна биле љубоморни во односите со другите луѓе.

Не ве поддржува

Коментарите во кои нема поддршка од страна на вашата пријателка покажуваат дека кај неа има завист. Ако сака да ве одврати од веќе зацртаните цели, зборувајќи ви дека тоа е лоша идеја, тоа е јасен знак дека таа тешко се носи со вашите успеси.

Што да направите и како да разговарате со таквата пријателка?

Обидете се да разговарате за проблемот, но претходно анализирајте го односот за да видите дали и колку вие имате придонесено за таквиот однос. Доколку премногу сте се фалеле себеси, можно е самите да имате предизвикано негативна реакција. Во секој друг случај, ако ни тоа не помага, размислете дали вреди да се вложи во такво неискрено пријателство.

 

Извор: srecna.republika.rs