ВМРО ДПМНЕ и откажува љубов на Данела Арсовска – Уште двајца партиски директори ја напуштаат – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/22 12:51 PM

ВМРО ДПМНЕ и откажува љубов на Данела Арсовска – Уште двајца партиски директори ја напуштаат

Проблемите на градоначалничката на Скопје, Дан ела Арсовска со директорите на Јавните претпријатија не стивнуваат. Таа во петокот им ги зема фотељите на директорот на „Водовод и канализација“-Скопје, како и на секретарот на Град Скопје, а по вчерашниот бурен ден и препукувања на релација Арсовска- ВМРО ДПМНЕ, денес стасуваат нови оставки и закани.

Кој прв стаса, тој прв објавива на Фејсбук оставки и разрешувања.

Уште двајца директори на комуналните претпријатија од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштаат Арсовска. Едниот е Бојан Христовски, кој на социјалните мрежи напиша дека по осум месеци не сака веќе да биде директор на ЈП Градски паркинг – Скопје, како и .директорот на депонија Дрисла, Јане Мицевски.

-Вчера бевме сведоци на политичко-медиумска конструкција против директорот на едно јавно претпријатие и секретарот на град Скопје, при што без никакви факти и аргументи истите беа експресно „елиминирани“. Значи тоа се случува кога мерило за успехот не се резултатите, туку игрите кои се рефлексија на други поинакви интереси од колективните. Сето ова покажува дека многу малку или воопшто не се посветува внимание на она што беше ветено пред граѓаните за модерно Скопје, и јас како поединец и покрај бројните резултати за кус период не сакам да бидам дел од систем каде приоритет не се нашите цели и проекти, и каде нема поддршка од Градот ниту пак има нормална комуникација со градоначалникот. Затоа поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата вд директор на ЈП Градски паркинг – Скопје, напиша тој на Фејсбук.

Директорот на депонија Дрисла, Јане Мицевски исто така преку Фејсбук кажа дека со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска не се соработувало.

-Морам да го истакнам немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај бројните мои обиди тоа да биде сменето. Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје.
Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла.

Градоначалничката Данела Арсовска го назначи Марјан Митовски за в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ откако вчера го разреши досегашниот Златко Перински. Тој досега бил вработен во претпријатието, напиша Мицевски.

Должна не остана и Арсовска, која исто така на Фејсбук им порача на сите директори или да си дадат оставка или да ги разреши.

По смената на секретарот на Градот и директорот на Водовод, таа не чекаше, денес им најде замени.

(В.М.)