Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј Данилов, одговори на заканите на блискиот соработник на рускиот претседател Путин, Дмитриј Медведев, порачувајќи му да си најде бункер во кој ќе се сокрие.
Да потсетиме дека Медведев му се закани на Киев и порача „дека тоа што досега се случуваше во Украина е само загревање и детска игра за ултиматумите што ќе следат“.
The novice blogger @MedvedevRussiaE should be thinking not of Ukraine, but of a state like North Korea and Saddam’s bunker, where he will be hiding, and finally stop writing “russia” with a capital letter and get used to the fact that “they haven’t even retreated yet”.
— Oleksiy Danilov (@OleksiyDanilov) September 12, 2022
Претходно, украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.
„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на држава, како Северна Кореја, и бункерот во кој ќе се сокрие. Конечно нека престане да ја пишува „русија“ со голема буква и нека се навикне на тоа дека се уште не се повлекле“, напиша вчера Данилов на Твитер.