Домашен миленик си го убил газдата, на болничарите не им дозволувал да му помогнат – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/22 8:52 AM

Домашен миленик си го убил газдата, на болничарите не им дозволувал да му помогнат

Маж во Австралија го загуби животот откако го нападна кенгур, што го чувал како домашно милениче, соопшти полицијата.
Роднина го пронашол 77-годишникот со тешки повреди вчера на неговиот имот во Редмонд, на околу 400 километри јужно од Перт, и повикал брза помош. Кога пристигнале болничарите, кенгурот не им дозволил да му помогнат на човекот.

Полицијата поради тоа морала да пука во животното. Мажот починал на местото на настанот, пишува Би-Би-Си.

Во Австралија живеат околу 50 милиони кенгури, но нападите се ретки. Ова е прв смртен случај по ваков инцидент регистриран во земјата од 1936 година.