ЕМА ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/22 9:45 PM

ЕМА ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача бустер вакцината против варијантата омикрон на коронавирусот БА. 4/5, неколку дена откако одобри две вакцини против постарата варијанта БА.1.

Станува збор за т.н двовалентна вакцина на Фајзер и Бионтек, која ги таргетира и BA. 4/5 и оригиналниот вид на коронавирус кој првпат се појави во Кина во декември 2019 година.

Додека постоечките вакцини обезбедуваат добра заштита од хоспитализација и смрт, со еволуцијата на вирусот, нивната ефикасност во заштитата од инфекција се намали. Претходно овој месец, EMA ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек и Модерна против варијантата БА. 1.

Европските власти во последниве месеци навестија дека прво треба да се користи вакцина против постарата варијанта БА. 1, имајќи предвид дека се доцни со развојот на оние кои конкретно ги таргетираат варијантите на omicron БА. 4/5.

МИА