(Видео) „Чарлс, Чарлс, сакаш ли да пиеш пиво со нас?“ Кралот е голем шегаџија – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/22 4:15 PM

(Видео) „Чарлс, Чарлс, сакаш ли да пиеш пиво со нас?“ Кралот е голем шегаџија

Откако Чарлс Трети стана нов крал на Велика Британија, интернетот е преплавен со видеа на кои се гледа како Чарлс се однесува, живее и се шегува како секој нормален човек.
Едно такво видео, снимено во текот на претходниот месец, повторно стана вирално откако тој беше прогласен за крал.

Благодарение на ова видео дознавме две работи за синот на кралицата Елизабета Втора – дека сака да се шегува, но и дека е љубител на пиво.

@andrewgould6 go for beer Charles #prince #king #goforbeer #laugh #ask #question #lol #royal #charles #princecharles #commenwelthgames #birmingham #birmingham2022 #birminghamuk ♬ original sound – Andrew Gould

Еден од присутните, кој дошол да го поздрави тогашниот престолонаследник Чарлс, решил да го праша дали би сакал да му се придружи нему и на неговите пријатели во пабот.
„Чарлс, Чарлс, сакаш ли да пиеш пиво со нас?“, се слуша на снимката.

Чарлс потоа се врти и извикува „Што?“, а потоа младиот човек го повторува прашањето.

„Каде“, прашува Чарлс смеејќи се.

Неговиот одговор ги насмеа сите присутни.

Да потсетиме, по смртта на кралицата Елизабета Втора, Чарлс Трети и официјално беше прогласен за крал во саботата.