Три патнички возила, три автобуси и еден минибус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/22 3:04 PM

Три патнички возила, три автобуси и еден минибус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

На 10, 11 и 12 септември полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на седум моторни возила, од кои три патнички возила, три автобуси и еден минибус, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци, односно непоседување на законски пропишаната документација.
-Нна Граничен премин Блаце, при контрола на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.С.(41) од Гостивар, било констатирано дека врши  меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Исто така на Табановце, при контрола на минибус, управуван од Б.Џ.(60) од Желино, патничко возило комби „форд транзит“, управувано од В.Г.(44) од Струмица, патничко возило „опел вектра“, управувано од С.Д.(47) од Куманово, автобус управуван од С.Е.(49) од Тетово, автобус управуван од Ј.Г.(38) од Дебар и патничко возило комби управувано од Е.А.(55) од Куманово, сите со македонска национална ознака, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица, информират од МВР.