Тендерите бутнаа уште една фотелја – Арсовска го разреши секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/22 11:20 AM

Тендерите бутнаа уште една фотелја – Арсовска го разреши секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски

Градоначалниќката на Скопје, Данела Арсовска, во петокот го разреши од функција Секретарот на град Скопје, Ѓоко Велковски.

Во соопштението до медиуми таа вели:

-Од функцијата Секретар на град Скопје, во петокот разрешен Ѓоко Велковски, а причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од 136 милиони евра, средства кои се обезбедени од ЕБОР и ЕИБ. Велковски, во петокот е разрешен заедно со в.д директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје Златко Перински поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач во милионски тендер. Град Скопје нема да дозволи расипничко трошење на парите на скопјани, ниту финансирање на лични и теснопартиски интереси. Скопје е град на сите скопјани, велат од таму.