(Видео) Пронајден е човек кој не знае дека кралицата умрела, дошол да се забавува – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/22 10:47 AM

(Видео) Пронајден е човек кој не знае дека кралицата умрела, дошол да се забавува

Новинарката на Би-Би-Си, Касија Мадера, разговараше со многу граѓани кои дојдоа да и оддадат почит на кралицата пред Бакингемската палата во четвртокот навечер.

Еден од интервјуираните, изгледа, не ни знаел дека кралицата умрела, се забавувал што се собрале луѓе, па отишол и тој таму.
„Дојдов дома после работа, го вклучив телевизорот и видов дека си тука. Мислев дека нешто се случува и дојдов да видам што, сакам да бидам дел од ова“, изјавил сосема сериозно случајниот минувач.


„Сета таа различност е добра, интересна и навистина убава“, рече тој со широка насмевка, гестикулирајќи кон толпата.

По коментарот, новинарот брзо го заврши интервјуто и му се заблагодари.

Иако не е сигурно дали само се обидувал да се пошегува или навистина се уште не ја слушнал веста која одекна низ светот, видеото стана вирално на социјалните мрежи.