По последното обраќање на Вучиќ се отвори дилемата кој во Србија има пари за свежо млеко, а кој за долготрајно млеко.
Млекото во моментов е на агендата на претседателот веднаш зад Косово и Прајд, пред енергетските компании, а Вучиќ на граѓаните им порачува дека не продава финти и трикови.
-Само ве замолувам луѓе да и верувате на државата, ние не земаме пари од ова, нема потреба да шириме паника и да создаваме проблеми кои не постојат“, рекол Вучиќ.
Претседателот пресметал дека млекарниците во Србија моментално преработуваат и испорачуваат, како што рече, двојно повеќе од вообичаеното количество и свежо и долготрајно млеко.
„Ви кажувам луѓе, имаме доволно млеко, но не можеме да имаме доволно млеко ако влезете и купите 36 литри долготрајно млеко. Прво, ни кажавте дека луѓето во Србија се сиромашни и купуваат само свежо млеко, а потоа дознавме дека всушност 60 проценти од луѓето во Србија, не би рекол дека се богати, но сигурно не се сиромашни, бидејќи тие речиси исклучиво купуваат долготрајно млеко“, рекол тој.
„Глупост, глупост, како може подобро да биде долготрајното… Принудени сме да купуваме оти нема свежо млеко, едноставно не натераа и тоа е уште еден удар за буџетот, и онака џебовите ни се празни“.„ Мислам дека првенствено секогаш свежото треба да се купува, а не долготрајно, но ние не знаеме ни кое е свежо, а тоа е најжално“, велат граѓани.
Претседателот објаснил и дека државата сфатила дека поради, како што рече, неодговорни поединци и групи, граѓаните, како и досега во случајот со брашното, шеќерот и маслото, сега купуваат огромни количини млеко. Од ПКС велат дека со инспекциите на терен е утврдено дека трговците не прават залихи и дека се подобрува проблемот со состојбата на полиците.
Извор: rs.n1info.com