Цел живот чувала само една раса – Кучињата тагуваат по кралицата Елизабета – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/22 10:49 PM

Цел живот чувала само една раса – Кучињата тагуваат по кралицата Елизабета

Страста на кралицата Елизабета Втора за корги датира уште од нејзиното детство.

Оваа раса беше синоним за најдолговечниот британски монарх, кој почина вчера на 96-годишна возраст.
Во 1933 година, тогаш седум годишната принцеза побарала куче Пемброк Велшки Корги откако го запознала миленикот на нејзината пријателка. Не е познато зошто таа била толку привлечена од оваа конкретна раса. Упатените во кралското семејство шпекулираат дека таа уживала во нив поради нивната енергија и дух.
Енергините кучиња во тоа време главно се одгледувале во Велс и сè уште биле прилично невообичаени во Англија, но таткото на Елизабета, кралот Џорџ Шести, и самиот љубител на кучиња, нашол одгледувач. И така кучето Дуки станал член на кралското семејство. Неговото доаѓање го означи почетокот на долгата врска помеѓу принцезата Елизабета Втора и коргите.

Дуки беше првиот од 30-те корги и дорги што кралицата ги имаше за време на нејзиниот живот.
На нејзиниот 18-ти роденден, Елизабет добила женско корги по име Сузан, која стана нејзина верна придружничка низ некои од најголемите пресвртници во животот. Сузан беше со неа на крунисувањето, венчавката, па дури и на меден месец со принцот Филип.

Сузан го доби своето прво легло во 1949 година. Со нејзиното потомство започна династија на кучиња од кралско семејство. Таа почина во 1959 година, на 14-годишна возраст, но 14 генерации потомци на Сузана живееја со кралицата, додека последниот корги, Вилоу, не почина во 2015 година. Кралицата беше особено погодена од ова бидејќи го означи крајот на лозата на Сузана.

Интересно е и тоа што кралицата создаде своја сопствена хибридна раса наречена дорги. Со нејзината сестра, принцезата Маргарет, таа комбинираше дакел и корги во 1970-тите.

Во книгата на Брајан Хој од 2013 година, “Royal Pets by Appointment, беше откриено дека со коргите на кралицата се постапувало со големо внимание. Секој ден во 17 часот им се служела вечера, како што се стек и пилешки гради. Јаделе оброци погодни за крал или кралица. Се вели дека Елизабета Втора повремено сама ги хранела своите кучиња, а авторката на книгата вели дека понекогаш со љубов ја поливала нивната храна со сос.

Кучињата исто така влијаеле на имиџот на кралицата. Некои забележаа дека таа изгледала „пожешко“ во јавноста кога е придружувана од животно. Исто така, кучињата биле начин полесно да го скршат мразот кога запознаваат нови луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Кога се чувствувала лошо, кралицата ги хранела и шетала своите кучиња. Кога принцот Филип почина минатата година, таа доби две кученца корги да и помогнат. За жал, едно кученце починало само еден месец по нејзиниот сопруг.

На кралицата останаа четири кучиња: две корги – Кенди и Муика, мешавина од корги-јазичар по име Сенди и Лиси, кокер шпаниел што таа го именуваше по себе. Без сомнение и кучињата тагуваат по нејзиното заминување. Затоа што, како што еднаш рече Елизабета Втора, „Моите корги се моето семејство“.

Извор: информер.рс