(Видео) За енергетската криза виновни се неписмените политичари, бирократи и административци, вели поранешниот директор на „Топлификација“ Димитар Хаџи Мишев – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/22 1:59 PM

(Видео) За енергетската криза виновни се неписмените политичари, бирократи и административци, вели поранешниот директор на „Топлификација“ Димитар Хаџи Мишев

„Цената на електричната енергија е меѓу шест и 10 пати поскапа од февруари и нема решение за ова. Ќе давате субвенции, но тоа не може да трае вечно. Проблемот е што енергетската криза генерира економска криза, вие ќе немате куповна моќ и кога ќе се појави ваков проблем кај вашите граѓани вие испаѓате од игра и отпуштате вработени. Потоа следуваат социјални проблеми, а тоа е главната „тепачка“ на политичарите кои без ништо да знаат, ќе треба да решаваат“ – истакна поранешниот директор на Топлификација Димитар Хаџи Мишев во гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Хаџи Мишев вели сега политичарите ќе мора да решат што да прават, но според него енергетската криза во овој момент е нерешлива поради ефектите кои ќе дојдат во економскиот дел. Ако се дозволи зелена енергија вели за десетина години ќе паднат големите и нема да може да се покрие активното, работно население. Овде како пример тој го посочува РЕК Битола кој вработува пет илјади луѓе, па ако се затвори и ако снема јаглен тие ќе мора да се отпуштат.

Според Хаџи Мишев зародишот на енергетската криза не потекнува од актуелната војна во Украина, туку е почнат многу порано со обновливите извори на енергија. Обноввливите извори вели тој се многу чисти и многу евтини и затоа ќе имаат сериозни проблеми, бидејќи можат да ги уништат најголемите играчи на нафтено-гасниот сектор.

– Технологијата на фотоволтаиците, кои се конкуренти на класичната енергетика, беше многу скапа, над 10 пати беа поскапи цените на инвестицијата за фотоволтаиците. Уште за време на Меркел германската држава даде огромни средства за нив, па беше јасно дека технологијата ќе се усовршува, а нивната цена рапидно ќе падне. Од пет илјади евра по киловат инсталиран, тие цени паднаа на 500, вели Хаџи Мишев додавајќи дека со ова оние кои ги контролираат јагленот, гасот и нафтата се чувствуваат најпогодени.

За состојбата во Европа но и во државава, за нуклеарната енергија и обновливите извори, слушнете повеќе: