Грчки тим ја хакирал веб страната на МОН – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/22 10:41 AM

Грчки тим ја хакирал веб страната на МОН

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) од синоќа е хакирана.  Во моментов страната е целосно исклучена и до неа нема пристап. На сајтот на МОН пишува дека е хакирана од грчки хакерски тим „Netwatchers“.

-Mинистерството за образование и наука е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваме со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана, велат од МОН.

Од Министерството за образование и наука посочуваат дека нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер.