Удрил во диви свињи, па во паркирано возило – Несреќа на автопатот Скопје- Штип – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/22 12:41 PM

Удрил во диви свињи, па во паркирано возило – Несреќа на автопатот Скопје- Штип

Утрово  во три часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Штип во близина на наплатна рампа Преод, се случила сообраќајна несреќа.

-Патничко моторно возило “сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(19) од с.Батинци-скопско удрило во диви свињи, а потоа и во запрено патничко моторно возило “ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот Б.С.(26) од с.Средно Коњари-скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото “сеат леон“ А.М.(19) и М.И.(26) двајцата од с.Батинци, а со телесни повреди се здобиле В.А. и Б.С., констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.