Во 1972-та година, кралицата Елизабета Втора ја посети Југославија.
Нејзината посета беше важна за сите, со оглед на тоа дека тоа беше првата кралска посета на една комунистичка земја на истокот на Европа, поради што во одредени западни медиуми наиде на критики. Кралицата Елизабета тогаш покажа дека различната политика не е бариера за меѓународното пријателство.
Со кралицата тогаш дојде и принцот Филип, нејзиниот сопруг. Парот во Белград помина неколку дена, а потоа во рамките на посетата на Југославија, ги посетија и Дубровник и Загреб. Јосип Броз Тито пред доаѓањето на кралицата нареди да се фатат сите жаби околу Белиот дворец за да може британската кралица да спие мирно во текот на посетата на Белград. Во своите мемоари ова го објави професорот Миодраг Тодоровиќ од Универзитетот во Бања Лука, а медиумите го пренесоа пред 20 години. Меѓутоа, како што се додава, тој ваквата наредба ја изменил откако кралицата се пожалила дека таквиот звук ја смирува.
Ваквиот инцидент, професорот го опиша во своите мемоари со наслов „На кралицата не и’ беше забавно“.
„Овде е многу убаво, но изненадена сум што нема жаби. Пораснав слушајќи ги и таквиот звук ме опушта“, му рекла британската кралица на Тито, како што наведува професорот Тодоровиќ.
Тито заедно со неговата сопруга Јованка Броз во 1972 година во СФР Југославија ги пречека британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип и принцезата Ана.
Извор: stil.kurir.rs