(Видео) Семејство во посета на кралицата Елизабета Втора, Британците се собираат пред палатата во Лондон – ММС
ММС

Објавено на: 09/8/22 4:17 PM

(Видео) Семејство во посета на кралицата Елизабета Втора, Британците се собираат пред палатата во Лондон

Британскиот принц Чарлс и принцот Вилијам веќе се во замокот Балморал, шкотската резиденција на кралицата Елизабета Втора, откако претходно денеска беше објавено дека лекарите се загрижени за здравјето на британскиот монарх.

Лекарите на 96-годишната кралица се многу загрижени за нејзиното здравје и препорачаа таа да остане под медицински надзор во замокот Балморал, беше објавено претходно денеска од Бакингемската палата.

Набргу потоа, беше соопштено дека принцот Чарлс и принцот Вилијам се упатиле кон Балморал. Потоа беше објавено дека принцот Ендру, вториот син на кралицата, исто така пристигнал во Балморал. По него, таму дојдоа и другите две деца на кралицата – принцезата Ана и принцот Едвард. Кон Балморал се упатија и принцот Хари и неговата сопруга Меган.

 

Набргу потоа, Бакингемската палата појасни дека кралицата се чувствува добро, дека лекарите ја советувале да се одмори и дека Чарлс сега е со неа.

„Целата земја е загрижена“ од веста за здравјето на кралицата, изјави новата британска премиерка Лиз Трас. „Моите мисли – и мислите на сите во Велика Британија – се со нејзиното височество Кралицата и нејзиното семејство.