Дрога на македонскиот Егзит – Приведени девет лица во Струмица – ММС
ММС

Објавено на: 09/8/22 11:34 AM

Дрога на македонскиот Егзит – Приведени девет лица во Струмица

-Во периодот од 18 часот  вчера до шест часот утрово за време на одржување на музички настан во градски парк во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.С. (26), Д.С. (20), Г.Б. (28), М.А. (45), А.С. (24), А.М. (25) и А.Б. (28), сите од Скопје, Џ.Б. (40) од Струмица и А.А. (19) од Кавадарци, соопшти МВР.При преглед над лицата била пронајдена и одземена марихуана, прашкаста материја, таблети… По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.