Маж ми не ме сака веќе, најде друга, што да правам? Одговорот на Далај Лама ќе ве натера да се замислите – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/22 7:34 PM

Маж ми не ме сака веќе, најде друга, што да правам? Одговорот на Далај Лама ќе ве натера да се замислите

Познавам жена чиј живот се распаѓаше пред моите очи.

Секој сегмент од животот полека пропаѓаше, што и да правеше. Нејзиниот сопруг ја оставил, не сакал повеќе да ја слушне ниту да ја види. Таа престанала да чувствува среќа и радост. Ништо веќе не можеше да и донесе насмевка на лицето. Нејзината душа стана немирна.

Моќта секој ден се повеќе се намалуваше. Нејзините интереси исчезнаа. Таа веќе не гледаше излез, беше изгубена. Кога сфатила дека се што пробала не помага, дека не и помагаат разговорите со пријателите и психологот, решила да се спакува и да замине за Тибет.
Таму го пронашла Далај Лама. Сите го сметаа за многу мудар и многу го почитуваа, па таа мислеше дека и тој ќе може да и помогне. Таа го праша: „Што да правам? Целиот свет ми се сруши. Срцето ми е скршено на илјада парчиња, страдам, ме боли. Мојот сопруг престана да ме сака и ме остави. Повеќе немам волја за живот“.
Се надеваше на одговор од Далај Лама, веруваше дека тој ќе ги реши проблемите, дека ќе открие некаква тајна, некој неконвенционален пристап кој би можел да и помогне да си го врати животот во нормала.

Сепак, Далај Лама дал изненадувачки одговор:

„Таа го сака својот сопруг и сака друг маж. Она што е застарено не може да се оживее. Не треба да се борите за вашиот сопруг. Борете се за себе, за својот мир и за мир во душата. Не го задржувај оној што си оди од тебе, не бркај го оној што доаѓа кај тебе“.
Оваа жена патувала на другиот крај на светот за да научи многу едноставни работи. Не постои тајна што се крие од сите нас, нема магија или магичен пристап. Одговорот е едноставен. Често забораваме дека сите сме робови на нашите навики.

Кога се навикнуваме на нешто, се држиме до тоа затоа што е удобно и познато, а сè ново и непознато не плаши. Немаме храброст да истражуваме, да се отселиме од своето место и така остануваме во познатото до моментот кога веќе не можеме да издржиме, кога душата ќе почне да се чувствува немирна.
И тогаш, како жената во приказната, се трудиме да го зачуваме она што не остава, се трудиме да ги вратиме работите како што беа некогаш, а тоа не е можно. Застареното не може да се оживее. Секогаш бидете доволно храбри да видите нов живот и не плашете се да го оставите стариот.

Кога ви се чини дека е најлошо, можеби се станува подобро.

Извор: Курир.рс

Фото: принтскрин Јутјуб