Таа знае, а тој може! Мадона го покажа новиот дечко, има само 23 години – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/22 1:27 PM

Таа знае, а тој може! Мадона го покажа новиот дечко, има само 23 години

Поп иконата Мадона ужива во нова врска со 41 година помладиот дечко.

Ендрју Дарнел има 23 години и работи како модел.
Тие неодамна позираа за насловната страница на магазинот „Пејпер“ во предизвикувачко издание. Во интервју за споменатиот магазин, Мадона зборуваше за нејзината потреба да ја провоцира публиката со својата уметност и како мрази да се повторува и секогаш бара нешто оригинално.
Многу песни ги пеев за да ги поттикнам жените. Претходно, музиката беше фокусирана на мажите. Сакав да им кажам на жените дека не треба да живеат во светот на мажите и дека можат без страв да го кажат она што го мислат“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


Пејачката и нејзиното ново момче со пријателите викендов присуствуваа на концертот на нигерискиот рапер Рема во концертната сала Ирвинг Плаза во Њујорк.
“Тие се обидуваат да ја задржат својата приватност. Мадона конечно ја најде својата среќа”, рекол неименуван извор за Page Six.

Ендру соработува со светски познатата модна агенција ИМГ, која меѓу другите ги прослави Кејт Мос и Бела Хадид. Тој глумел во серијата „Бети“.

Мадона на почетокот на оваа година раскина со 28-годишниот кореограф Аламалик Вилијамс.