За прекумерно греење и затворски казни до три години – Нови правила за заштеда во Швајцарија – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/22 12:43 PM

За прекумерно греење и затворски казни до три години – Нови правила за заштеда во Швајцарија

Жителите на Швајцарија кои ќе ги прекршат најновите прописи за заштеда на енергија ќе се соочат со парични, па дури и со затворски казни во времетраење до три години, пишува швајцарскиот весник „Блик“.

Прописите за штедење енергија предвидуваат температурата во зградите што се затоплуваат на гас може да биде максимално 19 степени Целзиусови, а температурата на водата најмногу 60. Забранети се електрични греалки, а забрането е и греење на сауни и базени.

Според портпаролот на сојузното Министерство за финансии, Маркус Спорндли, дневната казна за прекршување на овие прописи е од 30 до три илјади швајцарски франци.

Со казни ќе се соочат и комуналните претпријатија што дистрибуираат топлинска енергија доколку ги надминат доделените квоти за потрошувачка на гас

На кантоните им е даден рок до 22 септември да ги посочат мерките за спроведување на предвидените прописи.

МИА