Дете од Австралија стана херој на четиригодишна возраст, откако ѝ го спаси животот на својата мајка, повикувајќи го телефонскиот број за итни повици.
Само еден ден претходно, таа го научила како се прави тоа.
Монти Кокер од островот Тасманија на 27-ми август се јавил на австралискиот број за итни случаи 000 и им рекол на операторите: „Мама падна“.
– Кога стигнавме на адресата, тој беше на прозорецот… Ни мавташе, изјави болничарот Марк Смол за „Би-би-си“.
Внатре во куќата, Монти смирено ѝ објаснил на екипата за итни случаи дека неговата мајка Венди доживеала напад. Болничарот го пофали четиригодишното момче и рече дека при интервенцијата многу им помогнала неговата смиреност. После сè, тимот за итни случаи се вратил во куќата за да му даде благодарница на Монти.
– Потоа дојде баба му и праша: „Каде ми е суперхеројот?“ А пак, тој рече: „О, не, јас не сум суперхерој. Јас сум само херој“, се шегува мајката на Монти.
Венди е и медицинска сестра, па им раскажа на медиумите дека Монти знае дека направил добра работа, но се покажал скромен, велејќи им и на другарчињата во градинка дека „тоа е лесно“.
МИА
Фото: Tasmania Health Department