Строго ќе се казнува влечење на противнички играч за дресот – УЕФА бара од судиите построги санкции – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/22 4:28 PM

Строго ќе се казнува влечење на противнички играч за дресот – УЕФА бара од судиите построги санкции

УЕФА ги повика фудбалските судии пред вечерашниот почеток на групната фаза во европските клупски натпреварувања построго да реагираат при приговори од фудбалерите на судиските одлуки и симулирање на теренот.

-Такви сцени не сакаме да гледаме на натпреварите, изјави шефот на судиската организација во УЕФА Роберто Росети.

-Мораме да го чуваме својот углед бидејќи одредени облици на однесување на теренот и на клупата се непримерни, додаде Росети.

Тој најави дека судиите ќе ги санкционираат со картони фудбалерите кои театрално симулираат прекршок, а построго ќе се казнува и повлекување на противнички играч за дресот.

– Тоа едноставно не е спортски, додаде првиот човек на судиската организација во УЕФА.