Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини санкциите кон Русија за енергетската криза во Европа, пренесе Бета.
– Европа го жнее тоа што го посеа. Односот на Европа кон Владимир Путин и санкциите го наведоа, сакале или не, да каже: „Ако го направите тоа, јас ќе го направам ова, рече турскиот претседателот на прес-конференција во Анкара.
– Путин ги користи сите средства и оружје со кои располага, пред сè природниот гас. Ние не го сакаме тоа, но мислам дека Европа оваа зима ќе има сериозни проблеми, додаде Ердоган.
Тој исто така рече дека Турција „нема да има такви проблеми“.
Кремљ вчера соопшти дека прекинот на испораката на руски гас за Германија преку стратешкиот гасовод Северен тек е само вина на Западот бидејќи санкциите против Русија го спречуваат, како што тврди Москва, одржувањето на гасната инфраструктура, потсетува Бета.