Британија броеше – Меган Маркл во својот синоќешен говор 54 пати кажа „јас, јас, јас“!
Тоа беше првпат по Мегзит војвотката од Сасекс да и се обрати на јавноста во Обединетото Кралство.
Облечена во црвено од глава до пети, Меган самоуверено ја започна својата презентација велејќи: „Одлично е што се вратив во Велика Британија…“
Насмеаниот принц Хари гледаше од публиката, кој на моменти „се нервираше“ и се виде како е видно вознемирен..
Причината за неговата вознемиреност е можеби тоа што е далеку од помирување со семејството, но и поради постерите кои ги карактеризираа него и Меган како „лажна кралска двојка“.
Британците, очигледно, не заборавиле, но ниту му простиле на Мегзит, бидејќи денес нивните портали се преполни со теми кои ја анализираат секоја реченица и гест на поранешната актерка.
„Иако говорот требаше да биде за родовата еднаквост, Меган пред 2.000 луѓе зборуваше само за Хари и за настанот кој и го „промени животот“ кога стана мајка“, пренесува Дејли Мејл.
За тоа време јавноста внимателно го следеше секој нејзин гест, но и пресмета колку војвотката потрошила за облека.
Според пресметките, Меган била „умерена“, па нејзиниот стајлинг изгледал вака: цената на блузата што ја носела е 1.400 евра, додека панталоните се нешто поевтини, па за нив дала околу 1.300 евра.
Извор: курир.рс