По шести пат ќе им објасниме на ВМРО-ДПМНЕ за ноќните вишоци на струја, велат од АД ЕСМ – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/22 4:13 PM

По шести пат ќе им објасниме на ВМРО-ДПМНЕ за ноќните вишоци на струја, велат од АД ЕСМ

-По 6-ти пат му кажуваме на ВМРО ДПМНЕ дека вишоците на електрична енергија што ги произведува државата во текот на ноќта се продаваат транспарентно и по конкуренти цени кои се диктирани од берзата, велат од ЕСМ во соопштение.

-Нив може да ги купи кој било, стопанство, институции, трговци. Оваа енергија, којашто се продава од 2 до 7 часот, на јавна објава, на јавна аукција, со транспарентна и конкурентна постапка, можеме да ја продадеме по одредени цени кои индикативно ги дава ХУПЕКС берзата, а цената се формира врз основа на добиените понуди. Понудата со највисока цена ја добива електричната енергија.
Ако не се продава вака, тогаш другата опција е вишоците на струја да се пуштат слободно во системот и да не се наплаќаат, а со тоа АД ЕСМ би имале нула приходи.  Со оглед на тоа што на Христијан Мицкоски и неговата партија очигледно не им е јасно наведеното, стоиме на располагање секој ден нареден ден да им го објаснуваме истото, се вели во соопштението од ЕСМ