Девојката со веројатно најголемите усни на светот, Андреа Иванова, викендов на Фејсбук се пофали дека отворила нов профил на Инстаграм, кој досега привлече повеќе од 20 илјади следбеници.
На овој Инстаграм профил Андреа објави фотографии од својот изглед пред сите естетски зафати и ги шокираше речиси сите нејзини следбеници – и љубителите на корекции на лицето и оние кои веруваат дека некој конечно треба да и забрани на Андреа да посетува пластични хирурзи.
View this post on Instagram
До денес, оваа 24-годишна Бугарка од Софија си вбризгала повеќе од 30 инјекции полни со хијалуронска киселина, што и овозможило да се пофали дека е девојката со најголемите усни на светот.
View this post on Instagram
Андреа направила уште неколку корекции на лицето, меѓу другото ги зголемила образите, а порталот The Sun пишува дека нејзината намера е штo поскоро да ги истакне градите во Турција или Германија.
View this post on Instagram
Што се однесува до усните, Иванова тврди дека сè уште не завршила со нив, дека ќе ги зголеми уште неколку пати, и покрај предупредувањата на докторот, односно што се веќе толку големи што речиси и ги затвораат ноздрите.
View this post on Instagram
Андреа ја започна својата шокантна трансформација во 2018 година, а некои фотографии од минатото кои сè уште ги чува на Фејсбук сведочат дека била убава девојка пред првите корекции.
Извор: kurir.rs