Доцна вчера заврши 29 – то издание на Интернационалниот фестивал „Охрид фест“, кој се одржа на летната сцена Долни Сарај во Охрид.
Победници од жирито беа гостите од Бугарија „Expose“, додека од публиката Јуре од Хрватска.
Втората награда од жирито им припадна на дуетот Александар и Белма, додека третата на гостинката од Црна Гора, Моника Кнезовиќ.
Втората награда од публиката ја доби Теодора Стјеповиќ, а третата Веса Смолица.
На фестивалот беа доделени и други награди како награда за најдобар текст, која ја доби Борче Нечовски за композицијата “Твоја сум” во изведба на Мила. Наградата за најдобар аранжман ја освои Александар Масевски за “Close to the sun” во изведба на Андреа, додека награда за најдобра интерпретација и припадна на Марија – “Засекогаш Твоја”.
Награда Долни Сарај ја доби Ненад Цвјетиќ, награда за најдобар дебитант му припадна на Ник од Хрватска.