Пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје поради собир на граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/18 7:56 AM

Пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје поради собир на граѓани

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 19 до 20 часот во Скопје ќе се одржи собир на граѓани и поради тоа во тој период ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на ул. „11 октомври“ на потегот од крстосницата со ул. „Даме Груев“ и крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ во двата правци.

Во денешното соопштение од МВР се подвлекува дека го почитуваат правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелираат граѓаните да се воздржат од преземање насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир.

– МВР, согласно своите законски обврски и надлежности, ќе спречи секакви можни обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните, стои во соопштението.