Нов термин за настаните од одложеното Каменичко културно лето 2022 – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/22 4:22 PM

Нов термин за настаните од одложеното Каменичко културно лето 2022

Утврден е нов термин за реализирање на настаните од Каменичко културно лето 2022. Како што информираа организаторите, предвидените настани во рамки на манифестацијата, кои беа откажани поради тридневната жалост во Македонска Каменица, ќе се одржат од 7 до 9 октомври 202 година.

-Според утврдениот нов термин најпрвин на 8 октомври ќе се одржи ноќната градска трка “Kamenica Night Run”, додека следниот ден на 9 октомври ќе стартува и велосипедската тура “Tour The Kalimanci Lake”, информира од Културно-информативниот центар ,,Романса”.

Оттаму додадоа дека настаните од музичко-сценска дејност ќе се одржат на 7 и 8 октомври.

-Во рамки на музичкиот ќе настапат изведувачи кои претходно беа договорени така што се надеваме ќе го задоволиме вкусот на публиката како од М.Каменица, така и од регионот, додадоа од КИЦ „Романса”.

Каменичко Културно Лето 2022 се реализира со поддршка на Општина Македонска Каменица и генералниот покровител Рудник Саса.

 

МИА