(Видео) Голман ја запроси девојката на спортски натпревар во Сплит – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/22 1:25 PM

(Видео) Голман ја запроси девојката на спортски натпревар во Сплит

Голманот на грузиската репрезентација во ватерполо Иракли Размадзе го искористи натпреварот против Словачка во рамки на Европското првенство во Сплит да ја запроси својата девојка.

Веднаш по триумфот над Словаците (16-11), грузискиот голман се стрча кон трибините на „Спаладиум Арена” и клекна пред својата девојка. Таа, со солзи, ја прифати брачната понуда, по што на двајцата им се приклучија сите грузиски ватерполисти.

Грузија со победата над Словачка обезбеди пласман во осминафиналето на Европското првенство во кое против ќе им биде Холандија.