(видео) Промената на учебниците води кон промена на свеста за националната припадност – Панов во „Стадион“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/22 10:48 AM

(видео) Промената на учебниците води кон промена на свеста за националната припадност – Панов во „Стадион“

Погубен е концептот на мултиперспективност, односно давање на повеќе перспективи за една историска тема, настан или личност за промената на учебниците по историја за основно образование што се договара во Историската комисија, е ставот на професорот Митко Панов изнесен во емисијата „Стадион“ на Канал 77. Овој став професорот по историја го објаснува дефиницијата на националната историја, која е таа која гради национална припадност.

-Историјата е онаа која треба да гради свест за припадност на нацијата. Не случајно Хрватска пред да влезе во ЕУ донесе посебен закон – таа ја заштити националната историја од глобализација. Ако се понуди мултиперпективност во учењето историја, тоа е изнудено за во суштина да се инкорпорира бугарските тези во учебниците. Зошто тоа не е пример со другите соседи. Зошто Бугарија тоа да не го внесе?!, прашува професорот Панов.

Како пример го наведува историскиот дел за Самоил и вели зошто нема да има реципроцитет и во бугарските учебници, туку само ни ќе ги менуваме. Менувањето на националната историја, како што вели, е спротивно на правото на секоја нација да има свој народ.

-Ние сме единствениот пример што под вета и уцени сме принудени да ја промениме својата историја. Главната цел е преку воспитниот да се смени свеста за припадноста и националната историја, вели Панов.

Како пример на поинакво мислење ги наведува Чешка и Словачка, кои се спротивставија на тие тенденции. За разлика од овие примери, Македонија е принудена да имплементира нешто што е спротивно на тие прифатени европски вредности.