Вчера вечерта во Охрид се одржа фолк вечерта од новото издание на „Охрид фест“, на која победија музичко-брачната двојка Зуица Лазова и Наум Петрески.
За најдобрите во оваа вечер гласаа жири и публика, а еве кого тие одлучија да наградат.
Прв од стручното жири беше Наум Петрески, кој настапи со песната „Не се откажав“, втори беа групата „Академци“ со песната „Бура е“, додека трет Кирил Белистојановски, кој ја исполни песната „Изгрејсонце“.
Прва од публиката е Зуица Лазова, која ја испеа „Да ме носиш в Охрид“, втор е Петар Нечовски со „Секоја вечер“, додека трет Милован Секуловски и групата „Ишарет“ за „Душа голема“.
На оваа вечер беа доделени и стручни награди, а нив ги добија:
Ирена Петрова и Игор Нејков се прогласени за најдобри дебитанти, Катерина Танева ја доби наградата за најдобра интерпетација, Стојне Николова ја доби наградата за сценски настап, Борче Нечовски доби награда за најдобар текст, Дарко Илиевски награда за најдобар аранжман, наградата Долни Сарај ја доби Благоја Грујовски, награда Аце Ангелевски ја доби групата „Чардак“, додека новинарската награда ја доби Благица Павловска за песната „Усни на усни“.
Вечерва е интернационалната вечер на која ќе настапат поп пејачи од земјава и Балканот.
Погледнете дел од атмосферата: