Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, вчера беше нападната со пиштол, но напаѓачот не пукал во неа и набрзо е уапсен.
Неколку телевизиски канали прикажаа снимка од напаѓачот како нишани по главата на Кирхнер додека таа излегуваше од автомобилот што ја донесе дома.
Напаѓачот не испука од пиштолот, а Киршнер остана неповредена.
El video del arma contra @CFKArgentina pic.twitter.com/8j1xpMnPoe
— Lautaro Maislin (@LautaroMaislin) September 2, 2022
Инцидентот се случи на влезот од нејзината куќа во Буенос Аирес, каде во последните денови се собираат стотици демонстранти за да и дадат поддршка на поранешната претседателка, која сега е среде судење за корупција.
Мажот беше во толпата луѓе кои чекаа да ја поздрават и од неа да побараат автограм за нејзината автобиографска книга.
Набргу по нападот, портпаролот на полицијата соопшти дека во близина на резиденцијата е уапсен вооружен маж, а „на неколку метри од местото на настанот е пронајдено оружје“. Тој исто така рече дека мажот би можел да има бразилско потекло.
Стотици активисти од минатата недела се собираат пред куќата на Кристина Киршнер (69), која е обвинета за измама и корупција во врска со доделувањето јавни договори во нејзиното упориште Санта Круз (на југот на земјката), за време на нејзините два претседателски мандати (2007 -2015 година).
МИА
Фото: Твитер