Името на Захија Дехар беше во центарот на скандалот во 2010 година, кога во Франција и во светот одекна бомбастичната вест.
Тогаш се дозна дека двајца фудбалери имале врска со неа, како и дека иако била малолетна се занимавала со сексуална работа.
Фудбалерот Карим Бензема и Франко Рибери за малку ќе завршеа зад решетки, целиот случај заврши на суд, бидејќи не знаеле дека девојчето немало ни осумнаесет години.
Захија за вечерта со играчите добила 700 евра, а потоа и покана за суд каде било констатирано дека „фудбалерите не можеле да знаат колку години има“. Парискиот суд во јануари 2014 година ја отфрли тужбата против француските фудбалери кои беа обвинети за заведување малолетничка.
View this post on Instagram
Во Франција сексуалните односи обично се дозволени од 15-годишна возраст, но законот наведува и дека проститутката не смее да биде помлада од 18 години. Така, поради Дехар, Бензема го заврши настапот со националниот тим, непосредно пред Светското првенство во 2010 година. Поради ваквата ситуација оваа малолетна проститутка се најде на насловните страници на многу светски магазини, а нејзината кариера „експлодира“! Разни финансиери и нуделе пари колку сака, за да изгради професионален пат по желба.
Поради нејзиниот ексцентричен став и постојано појавување во медиумите, таа во Франција го доби прекарот „Скандалозна“.
Која е всушност Захије Дехар?
Потекнува од Алжир, каде е родена на 25 февруари 1992 година. На 10 години со својот брат се преселила во Франција, а на шеснаесет години почнала да се занимава со најстариот занает на светот. Се шпекулираше дека како малолетна проститутка заработувала по 20.000 евра месечно.
View this post on Instagram
Откако аферата со спортистите стана јавна, таткото се откажа од неа и го продолжи животот во Алжир.
Меѓутоа, Дахије целиот хаос околу нејзиното име го претвори во своја полза. Стана актерка со познатите улоги во филмовите „Лесна жена“ и „Жозефина, бремена и убава“.Покрај тоа, таа е и успешна дизајнерка на долна облека.
Извор: курир.рс