Грците Петрос и Мирта веројатно засекогаш ќе ја паметат својата свадба, со оглед на тоа дека се венчало на дното на морето.
Сè се случило на преубавиот остров Алонисос. Новопечените сопружници воделе сметка за сите детали. Пред церемонијата биле и на часови по нуркање, со цел сè да помине во најдобар ред. Невестата имала и венчаница, а под водата имале и свадбени украси.
Секако, не можеле сите да бидат под вода, па сватовите го гледале директниот пренос на плажа и навивале додека Петрос и Мирта го изговарале судбоносното „да“.
Она што е сигурно дека и двајцата биле оригинални, а нивната идеја за свадба е навистина тешко да се надмине.