Австралијанка случајно станала милионерка: Компанија за криптовалути по грешка ѝ исплатила огромна сума пари – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/22 11:55 AM

Австралијанка случајно станала милионерка: Компанија за криптовалути по грешка ѝ исплатила огромна сума пари

Компанија за размена на криптовалути случајно ѝ префрлила речиси 10,5 милиони долари на една жена од Австралија. Од компанијата ја констатирале грешката дури седум месеци подоцна – се наведува во правната документација.

Имено, компанијата Cripto.com” извршила погрешна уплата во мај минатата година кога требало да ѝ плати сто долари на Теваманогар Манивел, но наместо тоа бил внесен погрешен број во полето за износот на плаќањето. Со ова, Манивел по грешка добила 10,474,143 долари од Cripto.com.

Компанијата за криптовалути не успеала да ја воочи погрешната уплата сѐ додека не била спроведена ревиција во самата компанија на крајот на декември, односно седум месеци подоцна.

Cripto.com тогаш отпочна правна постапка против Манивел и нејзината сестра, кои ја забележале исплатата на речиси 10,5 милиони долари. Компанијата во февруари добила налог за замрзнување на сметката на Манивел, но открила дека поголемиот дел од парите се префрлени на друга трансакциска сметка – се наведува во пресудата донесена од Врховниот суд на Викторија, пишува Инсајдер.

Кон крајот на јануари, Манивел ѝ пратила 430.000 долари на својата ќерка, а еден месец подоцна си купила и куќа од 1,35 милиони долари во предградието на Мелбурн, со парите кои по грешка ѝ биле пратени – се наведува во пресудата.

Манивел потоа го пренела сопствеништвото на куќата на својата сестра. Компанијата се обидела да ги замрзне и нејзините банкарски сметки, но тоа било безуспешно.

Адвокатите на Манивел ѝ соопштиле на компанијата дека нејзината сестра бара правен совет –  се додава во пресудата.

Со пресудата, сестрата на Манивел се обврзува да ѝ плати на компанијата 1,35 милиони долари, да го продаде имотот и да плати камата од 27, 369,64 долари, но и да ги покрие трошоците.

 

Извор: blic.rs