Естрадните уметници Панчо и Андреј од дуото ДНК повторно ја покажаа својата хумана страна.
По вчерашното невреме во Скопје, тие на социјалните мрежи објавија дека стојат на располагање за секоја фамилија која има потреба од каква било помош, независно дали физичка или финансиска. Денеска попладне објавија дека на нивниот повик за помош се одзвале многу фамилии засегнати од невремето, меѓу кои и фамилијата на д-р Весна Балашевска.
„Ја посетивме д-р Весна Балашевска во нејзината куќа во Чаир, во која живее со нејзиното седумчлено семејство од кои две се малолетни деца. Весна е вработена како доктор по општа медицина во поликлиниката Чаир и за среќа не се социјално загрозени, но ни кажа дека и повеќе од потребна им е човечка сила за да може да се исфрлат сите работи од подрумот кои се веќе уништени и неупотребливи. Исто така, најбитно во моментот е да се најде електричар заради струјата која им е исклучена поради безбедност да не дојде до избувнување на пожар и нормало ако некоја фирма или физичко лице може да им донира пелети бидејќи нивната залиха за зимскиот период е пола уништена“, се вели во објавата на Панчо и Андреј.
View this post on Instagram
Тие додаваат дека дезинфекциски средства и средства за хигиена исто така ќе им бидат од голема помош на Балашевски.
Музичарите апелираа во процесот да се вклучи и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, како и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, но и останатите надлежни институции.
-Ајде заеднички да помигнеме кога сме потребни и да не заборавиме дека заедно секогаш сме посилни – порачуваат ДНК.
Фото: Instagram