Работна група во Образование ќе се координира со надлежните институции за греењето на училиштата – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/22 4:51 PM

Работна група во Образование ќе се координира со надлежните институции за греењето на училиштата

Во Министерството за образование и наука е формирана работна група која е во координација со министерствата за економија и за финансии и со други надлежни институции – соопшти министерот Јетон Шаќири одговарајќи на прашањето дали МОН има план за затоплување на училиштата во зима во услови на енергетска криза.

„Очекувам ние да имаме отворени училишта, добро да соработуваме, централната власт со локалните самоуправи, добро да ги менаџираме училиштата  и најважното тие да ни бидат отворени“, рече Шаќири на прес-конференцијата.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се признаваат дипломите од верски образовни институции при упис на факултет, министерот нагласи дека МОН поднел Предлог-закон и оти вчера на седница на Влада побарал да се најде решение.

„МОН поднесе Предлог-закон. Голем број ученици кои завршија во верските училишта се обраќаат до институциите. Мислам дека ќе се реши проблемот, ќе се вметнат во образовниот систем и ќе имаат еднакви можности да конкурираат во високото образование“, додаде Шаќири.