Планинари од Штип освоија неколку врвови на Балканот – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/22 4:29 PM

Планинари од Штип освоија неколку врвови на Балканот

Првиот тим на планинари на Друштвото за планинарски спортови (ДПС) „Лисец” – Штип го освои врвот Минин Богаз во Црна Гора.

Милорад Ангелов од ДПС „Лисец” – Штип вели дека минатиот викенд имале исклучителен успех.

Првиот тим од нашето друштво беше на планината Дурмитор во Црна гора каде што во тешки услови беше  освоен еден од најмаркатините врвови, врвот-Минин Богаз 2.387 метри надморска височина  познат како алпската алга. Вториот тим беше составен од дванасет планинари, беше  на планината Олимп во Грција каде што беше направен сериозен потфат и беа освоени сите четири врва, вели Ангелов.

Посочи дека освоени се врвовите Митикас  2.917 метри надморска височина и е втор на Балканот, потоа Мусала во Бугарија и еден какошто вели од потешките врвови во Европа, третиот врв е  Стефани 2.909 надморска височина и  важи за еден од најопасните  врвови на Балканот, како и врвот Скала и Сколио во соседна Грција.

 

МИА