Владата е во постојана комуникација и координација со надлежните институции по вчерашното невреме. Во соработка со институциите се прават максимални напори да се санираат штетите од невремето, а истовремено се прибираат информации за штетите како последица од невремето, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Муамет Хоџа.
Тој информира дека надлежната институција – Центарот за управување со кризи (ЦУК) веќе информираше за првично утврдените штети од невремето.
А еве како изгледаа некои делови од СКопје по невремето:
Фото: Вангел Тануровски