На Твитер се појавија фотографии од фудбалерот Жерар Пике и неговата нова девојка, студентката Клара Чија Марти. Двојката е видена на свадба во Шпанија.
Gerard Pique with his new girlfriend 🧐 pic.twitter.com/SknzUDp59M
— Barça Worldwide (@BarcaWorldwide) August 24, 2022
Оделе насмеани и држејќи се за рака.
Клара е првата девојка со која Пике е виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира (45) со која има два сина. Атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона.
Според The Sun, Клара работи за филмската и ТВ продукциската куќа на Пике „Космос“, надгледувајќи специјални настани. Клара на својот Инстаграм објавува атрактивни фотографии и често позира во долна облека, но и топлес.
#ClaraChiaMarti & #GerardPique attending a friend’s wedding in Costa Brava. #FCBarcelona pic.twitter.com/lFQPCgGGD3
— It’s a Wag Wag World (@ItsAWagWagWorld) August 25, 2022
Шакира наводно не е среќна што Пике се појавил во јавност со Клара, пишува Daily Mail. Извор близок до семејството на Шакира тврди дека фудбалерот и пејачката имале договор да не се појавуваат во јавноста со новите партнери во првата година од паузата.
Фото: Твитер