Аца Лукас направил „попис на населението“ во Крива Паланка, пишуваат српските медиуми – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/22 1:12 PM

Аца Лукас направил „попис на населението“ во Крива Паланка, пишуваат српските медиуми

Српските медиуми се полни со информации за концертот на Аца лукас, што се одржа во недела вечерта во Крива Паланка.

Толку многу озборуваниот концерт на фолкерот, за кој се побуни и Министерство за култура, го преполни градскиот плоштад не само со кривопаланчани, но и со публика од останатите градови во државава.

Паланчани велат дека, според регистарските таблички на автомобилите, публика имало од Кратово, Пробиштип, Куманово, Штип, Кочани, а најмногу од Скопје.

И вистина, колку ние сакале да признаеме или не, концертот од сите настапи, кои се случија последниот викенд во Крива Паланка беше најпосетен.

И самиот Лукас неколку пати го прекина пеењето за да и дае простор на публиката таа да пее место него.

Трагично или не, веќе не е важно, но факт е дека на фолкерот му ги знаеја песните од почеток до крај.

Дека и пејаот е воодушевен од реакцијата на публиката покажува и неговата објава на Инстаграм, каде поставил неколку фотографии и видеа од настанот со порака:


-Благодарам Крива Паланка! Ве сакам, напиша тој со срце.

Српските медиуми од свои извори, веројатно од неговата придружба, дознаваат дека публиката паднала во транс, сите пееле во хор и ја знаеја секоја песна од почеток до крај

Неговиот настап во Крива Паланка по бројот на публиката го споредуваат со пописот.

-Тој одржа спектакуларен концерт во Крива Паланка каде буквално се случи „попис на населението“, па целото место дојде на градскиот плоштад за да го гледа концертот на најголемата музичка ѕвезда.